Две состојки од кујната му помагаат на цвеќето да цвета побујно
Секоја пролет многумина трошат пари на скапи ѓубрива и препарати, иако за побујно цвеќе може да помогне едноставен домашен рецепт од две состојки што најчесто завршуваат во ѓубре – кора од банана и лушпи од јајца. Земјата во саксиите со време се исцрпува, се збива и губи хранливи материи, поради што растенијата почнуваат да венеат и да стагнираат.





