Почна акција за чистење на надвозникот „Влајко“
Општинската служба задолжена за одржување на хигиената во Карпош започна акција за чистење на надвозникот „Влајко“. – Во наредниот период ќе следуваат и дополнителни акции, согласно со потребите, а целта е овој премин, кој најчесто го користат учениците од ООУ „Димо Хаџи Димов“, да биде безбеден, сигурен и со адекватна хигиена – соопштија од Општина


