Сатирата на стакло на Мице Јанкуловски – во име на смеата и вистината
– Оваа изложба, која во моментот е поставена во галеријата „Остен“, се состои од сатирични слики работени на стакло од 1985 до 1990 година – вели за весникот ВЕЧЕР Мице Јанкуловски, кој ја истражувал ретката и фасцинантна техника на сликање со масло на стакло, создавајќи препознатлив циклус дела, од кои дваесетина можеме да видиме во рамките на поставката

