Четкање на забите по секое јадење? Стоматолозите предупредуваат дека оваа навика може и да наштети
Редовното четкање на забите е клучно за оралното здравје, но стоматолозите предупредуваат дека не е секогаш добра идеја тоа да се прави веднаш по секое јадење. Особено по консумирање кисела храна и пијалаци, како цитрусно овошје, сокови, газирани пијалаци или домати, забната глеѓ привремено омекнува. Ако во тој момент ги четкате забите, може постепено

