Поради дефект на шахта, дел од скопско без вода
Дел од скопско денеска без вода. Од скопски Водовод информираат дека денеска поради дефект во шахта на ул.35/1 Стопански Двор, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Стопански Двор. Водоснабдувањето е прекинато од 10:50 часот, а прекинот ќе трае до завршување со санација на дефектот.









