150 часа рачна изработка: Александар Ношпал создаде балетско туту за настап на македонска балерина во Португалија
Македонскиот моден креатор Александар Ношпал изработи балетско туту за варијацијата 1 од „Пакита“, наменето за настап на младата балерина Вања на балетски натпревар во Португалија. Како што сподели Ношпал, процесот траел две и пол недели и опфатил околу 150 работни часа – од првичната идеја и изборот на материјали, до финалната рачна доработка. Костимот

