Без вода дел од корисниците на ул.„29 Ноември“
Дел од корисниците на ул. „29 Ноември“, на потегот од бул. „Партизански одреди“ до ул. „Дебарца“, денеска ќе немаат вода поради уличен дефект на бр.6 од таа улица. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10 часот и ќе трае до санирање на дефектот. Извор: МИА









