Лукаревска до Трипуновски: Ги излажавте оризопроизводителите, субвенциите доцнат, а откупната цена е катастрофална
Пратеничката од СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница за пратенички прашања, постави прашање до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во однос на намалената откупна цена на оризовата арпа и застојот со откупот. Лукаревска посочи дека оризопроизводителите се соочуваат со доцнење на исплатата на субвенции,



