Половина век традиција и битка за трофеј, „Петровден 2026“ ги отвора вратите за пријавување на екипи за мал фудбал, награден фонд повеќе од половина милион денари
Мешеишта и ова лето ќе биде епицентар на малфудбалските возбудувања во Македонија. Легендарниот турнир „Петровден 2026“, настан кој со децении претставува симбол на традицијата, спортскиот дух и врвниот аматерски футсал, повторно ги отвора своите врати за најквалитетните екипи од целата држава. Со одржувањето на своето 51. издание, „Петровден“ уште

