ВРЕДИ: Секое ново соочување на ДУИ со граѓаните носи нов изборен пораз за нив
ВРЕДИ остро реагираше на повикот на ДУИ за предвремени парламентарни избори, обвинувајќи ја партијата на Али Ахмети дека и по поразот на локалните избори не презела политичка одговорност. Од ВРЕДИ велат дека ДУИ пред да бара ново изборно соочување треба да објасни зошто ниту еден од нејзините функционери не понел одговорност по изборните резултати









