АФРИКА СЕ РАЗДВОЈУВА ПОБРЗО ОД ОЧЕКУВАНОТО: Во иднина ќе се создаде целосно нов океан
Африканскиот континент се наоѓа во процес на раздвојување кој, според ново истражување, е во понапредна фаза отколку што досега се претпоставуваше. Научниците сметаат дека активниот расед во Источна Африка во далечна иднина ќе доведе до создавање нов океан. Станува збор за процес што ќе трае уште неколку милиони години, но новите податоци покажуваат


