Бојана Скендеровски сними песна за децата од домот „11 Октомври“
Поп-пејачката Бојана Скендеровски ја сними песната „Тука сме“ , посветена на децата од домот „11 Октомври“ во Скопје по повод 80-годишнината од постоењето на установата. Песната носи порака дека секое дете заслужува да биде видено, слушнато и поддржано. Музиката, аранжманот, миксот и мастерингот се на Димитар Андоновски, а текстот е на Тина Иванова







