Учениците од училиштето „Владо Тасевски“ произвеле најмногу компост
Основното училиште „Владо Тасевски“ ја освои првата награда на јавниот оглас што го објави Секторот за екологија и енергетска ефикасност од Општина Карпош, за најголемо количество произведен компост во општинските основни училишта на територијата на локалната самоуправа. За најдобро постигнатиот резултат, ова училиште доби парична награда од Општината

