Времето си го прави своето – од ден во ден пропаѓа еден од препознатливите трговски центри во Скопје
Трговскиот центар „Беверли Хилс“, лоциран во еден од најубавите делови од Скопје и некогаш едно од поомилените места на скопјани за шопинг и деловни активности, денес, според реакциите на граѓаните и закупците, е далеку од својата поранешна слика. Граѓаните реагираат на зголемувањето на цената на паркинг-картата, иако станува збор за отворен и, како

