Нови калистеника-зони во Долно Лисиче и Ново Лисиче во општина Аеродром
Новата калистеника-зона во Долно Лисиче веќе е поставена, а градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид на локацијата кај спортскиот терен „Никола Христовски – Кољо“ во Ново Лисиче, каде што се поставуваат нови, современи справи за вежбање на отворено. Покрај новите локации, Аеродром веќе го има и својот прв, најсовремен парк






