Франција од септември ќе ги забрани мобилните телефони во средните училишта
Забраната за користење мобилни телефони во средните училишта во Франција ќе стапи во сила на почетокот од учебната 2026/2027 година, објави францускиот претседател Емануел Макрон. - Заштитата на децата од опасностите што ги носат екраните повеќе не може да чека. Училиште без телефони значи враќање на мирот неопходен за учење - напиша францускиот претседател

