Тешка сообраќајна несреќа – Возачот го загубил животот
75-годишник од гевгелиско загина откако со трактор излетал во речно корито. Како што информираа од полицијата, вчера во 09:15 часот вo ОВР Гевгелија е пријавено дека на ул.„Костадин Зупов“ во село Смоквица, гевгелиско, трактор „Тома Винковиќ“ со приколка со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Р.Б. (75) од Гевгелија, излетал од патот и паднал










