На 11 март ќе биде прогласен добитникот на наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади
Вториот добитник на книжевната награда за најдобар необјавен роман за деца и млади „Оливера Николова“ ќе биде соопштен на прес-конференција што ќе се одржи на 11 март, во 11 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ во Скопје. На настанот ќе се обратат членовите на жири-комисијата, составена од уредничката и писателка Оливера Ќорвезироска,






