„Антево перо“ за 2026 година за Даниела Андоновска-Трајковска, познатите и добитниците на наградите „Антев златник“ и „Антев часовник“
Стихозбирката „Ако не се отвори фиоката, мачката ќе биде жива“ на Даниела Андоновска-Трајковска доби престижна награда „Антево перо“ за 2026 година, што беше соопштено од жири-комисијата на меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“. Оваа година на конкурсот беа поднесени рекордни 115 поетски ракописи, што јасно потврдува




