ЗНМ: Смртни закани кон новинарот Кристијан Ландов, бара итна истрага и одговорност
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ги осуди заканите по живот упатени кон новинарот Кристијан Ландов на социјалните мрежи, кои, според здружението, започнале по објавувањето на епизода од неговиот подкаст „Претрес“, посветена на неодамнешниот инцидент во Охрид. Од ЗНМ информираат дека во коментари на Фејсбук, два профила му упатиле заканувачки



