Ракометарите на Охрид со 26-24 ја победија екипата на Алкалоид
Охрид, 11. октомври 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во натпревар од 6 коло од машката Супер лига, ракометарите на Охрид на домашен терен, синоќа беа подобри од екипата на Алкалоид со 26-24. Со победата тие стигнаа до четвртата победа сезонава и се искачија на четвртата позиција. Најефикасни играчи беа Тилен Стрмљан и Доминик Матхе со по шест погодоци (Крај) извор:








