„Архангел“ и Публиката пееја во еден глас на одличниот концерт во Скопје
Публиката и „Архангел“ синоќа (13 јуни) станаа едно, на концертот во Стадионот на АРМ во Скопје. Концертот беше насловен „Срцевина“. Настапот на српскиот музичар Васил Хаџиманов и неговиот бенд беше совршена увертира за вечерта. На сцената, покрај фронтменот Ристо Вртев, настапија Иван Петровски на гитара, Дејан Митровиќ на бас, Александар Ванчовски






