Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за Светското првенство во Германија
Селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за престојното Светско првенство во Германија (30th IHF Men’s Handball World Championship 2027 Germany). На поширокиот список се најдоа 14 играчи од РК Алкалоид, 10 од Еурофарм Пелистер, тројца ракометари од Вардар 1961 и петмина од ГРК Охрид.



