Сребро од Европа за Бутел: Немања Младеновиќ блесна на Европското првенство и стана вице-шампион!
Голем успех за македонскиот спорт и за Општина Бутел. Младиот борец Немања Младеновиќ блесна на 53-тото Европско првенство за кадети, јуниори и У21, кое се одржа во Кипар, и се врати дома со сребрен медал околу вратот. Во силна конкуренција од цела Европа, Немања се избори за финале во категоријата кадети +70 килограми, остварувајќи четири убедливи


