75-годишен охриѓанец пронајден мртов во помошна просторија
Во Охрид вчера е пронајден починат 75-годишен маж во помошна просторија на куќа, соопштија од СВР Охрид. Инцидентот се случил на улица „Јане Сандански“, а пријавата за смртта била примена во полицијата во 13:51 часот на 23 февруари 2026 година.










