Престој во градинка отсега ќе чини 2.200 денари
Градинките во Општина Центар поскапеа, а родителите, од овој месец, ќе плаќаат повисока цена за престој на децата, откако месечниот надомест е зголемен за 47,6 проценти. Според новата одлука ја донесе Советот на Општина Центар на последната седница, цената е покачена за 710 денари и наместо досегашните 1.490 денари, сега изнесува 2.200 денари месечно


