Приватен рајски остров на Бахамите повторно на продажба по цена од 28 милиони евра
Еден од најголемите приватни острови на Бахамите, Бондс Кеј, некогаш поврзуван со Шакира и Роџер Вотерс од „Пинк Флојд“, повторно е ставен на продажба за 28 милиони евра. Овој недопрен имот со површина од 263 хектари во 2006 година го купиле група познати инвеститори за околу 14,9 милиони евра, но нивните амбициозни планови никогаш не биле реализирани

