МНТ го прослави 80-годишниот јубилеј со легендите кои го создавале театарот
Театарските легенди кои го создавале и обликувале Македонскиот народен театар (МНТ) оживеаја во мултимедијалната претстава „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in MNT“ во режија на Дејан Пројковски, со која синоќа МНТ го прослави 80-годишното постоење. Насловот „Сонцето, колку е блиску сонцето“ е преземен од првата изговорена реплика на сцената









