„Урбани пејзажи“: изложба на Рафаел Ристовски во Францускиот институт во Скопје
Во Францускиот институт во Скопје, на 17 декември со почеток во 18 часот, ќе биде отворена изложбата „Урбани пејзажи“ на македонскиот уметник Рафаел Ристовски. Станува збор за серија фотографии создадени за време на неговиот уметнички престој во резиденцијата Cité internationale des arts во Париз. Резиденцијата Cité internationale des arts секоја година



