Денес го одбележуваме споменот на Димитар Димитровски – Такец, мајсторот на битолското новинарство.
На 1 мај 2015 година, во Битола, замина од овој свет Димитар Димитровски-Такец (1922–2015), македонски новинар, писател, публицист, сликар и композитор. Неговата творечка енергија остави длабоки траги во културниот и јавниот живот на градот и државата. Како еден од важните столбови на битолското и македонското новинарство, Такец се искажуваше со талент

