Со јубилејниот концерт на “Фолтин”, синоќа на Хераклеја заврши уште едно успешно издание на “БИТ ФЕСТ”
Со јубилејниот концерт по повод 30 години постоење на битолската група „Фолтин“ синоќа заврши годинашното битолски културно лето „Бит Фест“. Некои градови имаат публика, а Битола има соучесници, беше пораката на групата „Фолтин“, што синоќа само се потврди под отворено небо во „Хераклеја“. „Од неколкумина љубопитни до генерации луѓе што ги знаат песните

