Дојавa за бомба во авион од Даблин за Рим, леталото пренасочено кон Франција
Авион од типот „Ербас“, кој сообраќал на релацијата Даблин – Рим, бил пренасочен кон воздухопловна база во северна Франција по дојава за бомба, потврди денеска кабинетот на францускиот премиер Себастијан Лекорни. Од кабинетот соопштиле дека внимателно ја следат ситуацијата и дека околностите на инцидентот сè уште се утврдуваат, пренесува „Евроњуз“










