Состанок на ФФМ на тема селектор
Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ соопшти дека е одржан состанок на комисијата за избор за наследник на Боби Милевски. Предлогот до УО на ФФМ ќе биде доставен најдоцна до 25 декември. Во комисијата за избор на селектор се Горан Пандев, Агим Ибраими и Николче Новески. Како најсериозни кандидати се споменуваат Гоце Седлоски и Игор Ангеловски.




