Цените во угостителството во декември без месечни промени, годишен раст од 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година останале на исто ниво како и во ноември, без месечни промени, покажуваат најновите податоци за индексот на цените во угостителството, објави Државниот завод за статистика. Во споредба со декември 2024 година, цените се зголемени за 3,5 проценти. На годишно ниво, односно во периодот јануари–декември










