Банон предупредува: Арктикот ја става Канада во фокусот на американската стратегија
Поранешниот главен стратег на Белата куќа, Стив Банон, изјави дека Канада станува следното големо геополитичко жариште за САД, поради растечкото кинеско влијание и, како што тврди, неможноста на Отава да ја брани својата северна арктичка граница. Во изјава за „Дејли меил“, Банон оцени дека претседателот Доналд Трамп ќе заземе цврст став кон Канада








