Деметра во Македонија? Кај Куманово откриени траги од античко светилиште старо над 2.300 години
Археолошкото одделение од НУ Музеј Куманово ги заврши археолошките истражувања на локалитетот Градиште во Младо Нагоричане. Работата беше реализирана под раководство на Дејан Ѓеорѓиевски, кустос советник, археолог и раководител на проектот. Ископувањата годинава беа насочени кон секторот Долна тераса, местото каде што претходните сезони веќе се појавија




