„Скимо“ дебитираше на ЗОИ
За прв пат во историјата, на Зимските олимписки игри се доделуваа медали во скијашко планинарење, сè попознато по кратенката „скимо“. Први во новата дисциплина настапија жените, а златото го освои Швајцарката Маријан Фатон. Актуелната светска шампионка патеката ја мина за 2:59.77. Среброто и припадна на Франција благодарение на Емили Хароп, вицешампионката


