Седум возачи приведени за безобѕирно управување, тројца возеле без дозвола, двајца пијани
Седум возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на различни локации низ државата поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, информира Министерството за внатрешни работи. Од приведените, тројца управувале возило без положен возачки испит. Станува









