Новите построги мерки на ЕУ за увоз на челик ќе го погодат извозот на македонската челична индустрија
Европскиот парламент вчера ги усвои новите построги мерки за увоз на челик во Европската Унија, со цел да ја заштити европската челична индустрија од растечкиот увоз и да ја зголеми искористеноста на производствените капацитети на околу 80%. Новите мерки треба да стапат во сила од 1 јули и предвидуваат значително намалување на количините челик што




