Нова спортска магија во Струмица: „Денот на спортот“ обедини 700 деца!
Уште една успешна спортска приказна е реализирана во рамките на Плазма Спортските игри за млади, кои за првпат оваа година се одржуваат во Македонија. Струмица е петтиот град-домаќин на „Денот на спортот“. На градскиот плоштад, околу 700 дечиња уживаа во уникатно и големо натпреварување. Поттикнување на спортскиот начин на живот, инклузија, толеранција










