Факултетот за музичка уметност на концертот ја посвети „Алелуја“ на Сара Пројковска која загина во пожарот во Кочани
Факултетот за музичка уметност (ФМУ) синоќа на роденденскиот концерт ѝ посвети песна на професорката Сара Пројковска, која загина во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март. Пројковска беше вонредна професорка по пијано на ФМУ, а пееше придружни вокали со групата „ДНК“, вечерта кога се случи пожарот во кој загинаа 63 лица, а над 200 се повредени

