ДРАМА НА ПЕШАЧКА ПАТЕКА ВО ДЕЛЧЕВО: 13-годишно дете пренесено во „Мајка Тереза“
На 16.06.2026 околу 15:20 часот во ОВР Делчево е пријавено дека на пешачка патека помеѓу ул.„Глигор Прличев“ и ул.„Гоце Делчев“ во Делчево, 13-годишен малолетник од Делчево, управувајќи велосипед изгубил контрола и удрил во ѕид од куќа. Притоа, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје



