Седум полјаци влегле во воените магацини во Тетово – четворица уапсени, тројца избегале со четирицикли
Седум полски државјани вчера попладне неовластено влегле во просторот каде што се наоѓаат воените магацини на Армијата, во областа Еребино, во близина на Тетово. Според полицијата, тие со четирицикли ја оштетиле влезната врата на објектот. Четворица од нив биле задржани од војниците кои биле на стража, додека другите тројца избегале со четирицикли










