Како правилно да го полните и чувате телефонот: Совети за долготрајна батерија и спречување на дефекти
Паметните телефони станаа неизоставен дел од секојдневието, но голем број корисници секојдневно прават несвесни грешки кои можат сериозно да влијаат врз траењето и квалитетот на батеријата. Една од најчестите и најопасните грешки е оставањето на телефонот на директна сончева светлина, во близина на извори на топлина или во паркиран и прегреан автомобил


