ВМРО-ДПМНЕ: Криминалните шеми ги обединуваат Филипче и Ахмети и во опозиција
Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека Венко Филипче и Али Ахмети биле обединети во криминални шеми додека биле власт, а сега, како опозиција, дејствуваат координирано против безбедноста и интересите на граѓаните. Во соопштението се наведува дека за време на седумгодишното владеење на СДСМ и ДУИ државата била оставена без систем, без одговорност и со високо









