Вучиќ најави пуштање нафта од државните резерви
Српскиот претседател, Александар Вучиќ, најави дека државата деновиве ќе пушти десетици илјади тони нафта од стоковите резерви на домашниот пазар. Тој изјави дека Србија веќе платила 17 милиони евра повеќе за дополнување на резервите поради поскапувањето на нафтата, додавајќи дека ситуацијата би била уште потешка доколку земјата немала сопствена рафинерија





