Филков – Вал: Поддршка за реформите, јавна расправа за сите закони кои ќе се носат
Министерот за правда, Игор Филков оствари средба со амбасадорот Килиан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Се разговараше за тековните проекти на ОБСЕ со Министерството за правда, актуелните случувања во однос на реформите во правосудниот систем и законодавната агенда. Филков му се заблагодари на амбасадорот Вал за одличната и интензивна соработка