24 часа без телефони: Дали вашето семејство може да го издржи овој предизвик?
С амо еден ден без мобилен телефон, таблет, компјутер и конзола за игри. На прв поглед, тоа не звучи како особено тежок предизвик. Но, за многу семејства, 24 часа без паметни уреди би можеле да бидат потешки отколку што очекуваат. Не затоа што не можеме да функционираме без нив, туку затоа што технологијата стана дел од речиси секој момент од денот

