Нови детали за убиството кај Смилковци: 38-годишниот маж бил застрелан во ногата со еден куршум, па искрварил до смрт
Обдукцијата на телото на 38-годишниот Ш.Е. од скопското село Љубин, кој беше пронајден мртов покрај патот кај Смилковци, ги открила причините за неговата смрт. Според информациите што ги објави Телма, мажот бил застрелан со еден куршум во ногата, кој погодил голема артерија и предизвикал обилно крварење. Како што пренесува телевизијата, токму повредата










