Научниците открија нов потенцијален сојузник против грипот – се крие во растение од Сибир
Научници од рускиот Центар за вирусологија „Вектор“, во соработка со истражувачи од Централносибирската ботаничка градина, развиле екстракт од растението Artemisia obtusifolia кој во лабораториски услови покажал антивирусно дејство против два подтипа на вирусот на грип А. Станува збор за A/H3N2 и A/H5N1, а истражувачите сметаат дека резултатите отвораат
